| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.11.2017

Врие од „местенки“ во сите спортови

Кога парите се поважни од натпреварувачкиот дух. Фудбалот секогаш е во фокусот, но кошарката и ракометот последниве недели се вистински хит во Европа. Сите „знаат“ за нашите порази


Не е ништо ново да се каже дека во Македонија се местат натпревари за добивка од обложувалниците. Оваа приказна е стара колку што е стара и фубалската мафија. Со години и години сме гледале спорни, смешни и „штелувани“ фудбалски натпревари. Сме гледале циркуси низ терените, а малкумина презеле мерки. Ни се случи Победа, УЕФА ни одржа лекција, но тука застана сѐ, иако имаше пријави, дописи, истраги... Цвета бизнисот со „местенките“...
Сега се води сериозна истрага за натпревари од фудбалскиот шампионат во женска конкуренција. Истрагата е во тек, но...
Деновиве сме преплавени од повици, пораки за „местенки“ и во другите спортови во Македонија. Сите се фокусирани на фудбалот, но „365“ е опција за малверзации во сите спортови.
И што си мислите? Чудни ли ви се некои натпревари на некои наши екипи од кошарката, па и од ракометот. Од интернационалните и од домашните шампионати. Има сѐ и сешто. Има секакви најави, сценарија и докази.
Тие што мислат дека сѐ е како што треба, не се свесни дека некој постојано ги „гледа“. Срамота е кога се претерува. Не дека се мести само во нашава земја. Ама цела Европа да знае што ќе се случи во Скопје!? Е тоа е мизерија. И затоа на берзата понудата од „деветка“ паѓа на „тројка“ и потоа сѐ си тече како подмачкано. А некој е на трибините, навива, се надева, за разлика од оние што се во играта и добро профитираат на штета на клубот.
Но за детали, ќе почекаме. Затоа што истрагата е во тек. И додека трае сето тоа, постојано странските служби ќе ги полнат нашите институции со дописи, насоки и со препораки. Не може да се сотре оваа „злоба“, но може да се стави во нормални граници. Претераа!

 



Датум: 07.11.2017, 10:41
Статијата е прочитана 2286 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense