| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.11.2017

Шкендија држи ритам

Во дербито лидерот со пресврт дојде до три бода, Вардар конечно победи а Пелистер ја прекина лузерската серија

Интересен, возбудлив и квалитетен дерби меч одиграа Шкендија и Работнички, на крајот се радуваше лидерот на нови три бода. Гостите први поведоа со голот на Гофри, но затоа Радески многу бргу израмни. Имаше шанси и на двете страни, но Хасани од пенал во 81. минута донесе три бода.


Алелуја, Вардар победи. Победи во скопската пресметка против „пиратите“, дали е ова знак дека шампионот излегува од кризата. Струмица падна, и тоа падна пред Победа. Прилепчни со голот на Станиќ слават голема победа на гости кај Академија Пандев. Пелистер во Битола ја совлада Ренова, со што стави крај на губитничка серија. И на Чаир,кратовци освоија големи три бода, и тоа благодарение на автологот на Кривањева.

РЕЗУЛТАТИ - 14. КОЛО
ШКЕНДИЈА - РАБОТНИЧКИ 2:1
Радески40’, Хасани 82’(п) - Гофри 35’
ВАРДАР - СКОПЈЕ 3:0
Хуан Фелипе 44’, Максимов 66’, Џигаури 86’
ШКУПИ - СИЛЕКС 0:1
Кривањева 13’(аг)
ПЕЛИСТЕР - РЕНОВА 2:1
Лукас 35’, Трифуновски 48’(п) - Нафиу 80’(п)
А. ПАНДЕВ - ПОБЕДА 0:1
Станиќ 45’

ТАБЕЛА
1. Шкендија 34, 2. Вардар (-2) 23, 3. Силекс 22, 4. А. Пандев (-1) 21, 5. Ренова 17, 6. Работнички (-1) 16, 7. Пелистер 15, 8. Победа 15, 9. Шкупи 15, 10. Скопје 9

 



Датум: 05.11.2017, 15:42
Статијата е прочитана 1112 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense