| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.08.2017

Шампионско деби на „Истатовки“

Македонскиот шампион денеска против Осиек ги почнува настапите во квалификациите во Лигата на Шампионите

Македонскиот женски шампион, СЦ Истатов, денеска во Осиек го игра првиот натпреваr во деби настапот во Лигата на шампионите. Противник на нашите шампионки ќе биде домаќинот на квалификацискиот турнир од Групата 7, екипата на Осиек. Дуелот против хрватските шампионки се игра во ударниот вечерен термин од 20.15 часот. Освен Осиек, во група со Истатов се и шампионот на Исланд, Стјарнан и првакот на Фарските Острови, КИ Класвик.

Во Хрвтаска фудбалерките на Истатов отпатуваа во добро расположение по, како што самите ги оценија, одлично одработените подготовки на својот спортски комплекс во Нов Дојран. Во рамки на тие подготовки, што траеја од втората половина на јули, екипата одигра и два пријателски натпревара, против Каменица Саса и против Беласица 2003. За време на настапот на квалификацискиот турнир во Хрватска, „истатовки“ првпат официјално ќе се претстават во опремата на новиот спонзор на клубот „Ди Биаџо“, со кого Истатов склучи договор непосредно пред свопето деби во европското шампионско друштво.



Датум: 22.08.2017, 11:00
Статијата е прочитана 534 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense