| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.06.2017

ЕКСКЛУЗИВНО: Фабио Капело со мега понуда до Пандев

Кинескиот тим Жиангсу  Сунинг дава 5,5 милиони евра за потписот на нашиот најдобар фудбалер

Горан Пандев викендов треба да стане фудбалер на кинескиот клуб Жиангсу Сунинг. Македонски Спорт дознава дека Пандев викендов заминува на финални преговори со оваа екипа во Италија а трансферот треба да се реализира по иницијатива на легендарниот Фабио Капело кој е на клупата на оваа екипа. Најавите велат дека и лекарските прегледи треба да се случат во Италија но проблем претставува дилемата на Пандев кој се мисли дали да заине на печалба во Кина.
Сепак понудата од 5,5 милиони евра е примамлива па така и нашиот најдобар фудбалер се чини дека нема да одолее на ваквите цифри од истокот. Во екипата на Капело настапуваат екс играчот на Челзи, Рамирез и Алекс Тешеира кој беше дел од Шахтјор.
Пандев раскина со Џенова и сега е слободен играч.

*Повеќе детали во печатеното издание на „Македонски Спорт“



Датум: 15.06.2017, 22:44
Статијата е прочитана 16400 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense