| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.04.2017

Адеми во солзи: Овие две години не може никој да ми ги врати

Емотивно обраќање на суспендираниот фудбалер кој што ветува дека после „кам-бекот“ ќе биде уште подобар

После намалување на суспензијата од четири на две години, Аријан Адеми имаше емотивно обраќање до јавноста. Тој гарантира дека ќе биде уште подобар после овие две години низ кои мина буквално низ се за да ја докаже својата невиност во допинг скандалот.

„Среќен сум поради намалување на суспензијата, иако овие две години не може никој да ми ги врати. Ќе се вратам уште посилен, психолошки ќе бидам многу силен. Ова што го поминав ме направи уште посилен и уверувам дека ќе бидам подобар од што бев. Во добра физичка кондиција сум, играм тенис, мал фудбал, редовно трчам. Знам дека не е исто како кога се работи со екипа, ама брзо ќе се вратам. Се познавам себе си и мојот карактер, мојата глава, брзо ќе ми треба да се вратам во ритам. Доволно ќе ми бидат овие два месеци. Нема зборови со кои можам да им се заблагодарам на мојата фамилија, пријателите и навивачите кои ми даваа поддршка. Ќе им се оддолжам на теренот. Благодарност најмногу до Динамо кој што ми овозможи се, кој ме спаси и кој се бореше со мене во се. Можеа да ми раскинат договор, но не го сторија тоа, и тоа е доволен доказ за нивната големина“, рече Адеми.



Датум: 03.04.2017, 11:16
Статијата е прочитана 4680 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense