| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.03.2017

Три недели пауза за Буба и Бејтулаи!


Среќна околност за тетовци е тоа што следува две недели пауза во шампионатот.


Ферхан Хасани и Егзон Бејтулаи во наредните три недели ќе мораат да отсуствуваат од зелените терени. Повредите на двајцата репрезентативци и едни од најдобрите играчи на Шкендија, не се толку сериозни за да се оди на операција но не се и така наивни. Кај Буба Хасани проблемот е во десното колено, тоа оперираното, додека кај Егзон Бејтулаи, пак, повреден е мускулот на левата нога, повреда која ја заработи во 8. минута од саботниот меч во Штип против Брегалница.
Штета за двајцата зошто селекторот на нашата најдобра репрезентација Игор Ангеловски имаше намера квалификацискиот меч со Лихтенштајн в петок, да го започне со двајцата во тимот.

*Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 21.03.2017, 13:20
Статијата е прочитана 1569 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense