| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.11.2017

И Германци во „Ѓорче“ (ФОТО)

Германски фанови од Минхен, се во посета на нашата земја и се присутни на натпреварот од Втората лига во Ѓорче Петров каде што Македонија ЃП игра против Еуромилк

Двајца државјани на Германија кои живеат во Минхен, се во посета на Македонија. Тие се страсни љубители на фудбалот, па од тука не ја пропуштија можноста да присуствуваат на фудбалски натпревар во нашата земја.

Тие попладнево се на стадионот во Ѓорче Петров каде што го следат дуелот од Втората лига помеѓу Македонија ЃП и Еуромилк.

Инаку тие сакале да го следат и дуелот на „Автокоманда“ помеѓу Скопје и Шкупи кој не се одигра поради обилните врнежи од дожд кои го натопија теренот.



Датум: 18.11.2017, 13:51
Статијата е прочитана 2658 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense