| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.10.2017

Аман од Вардар – Шкендија во купот!!!

Веќе станува симптоматично како тоа четири години по ред Вардар и Шкендија играат дуел од четвртфиналето во националиот куп.

Веќе не може да стане збор за случајност во ждрепката од националниот куп на Македонија пред четвртфиналната фаза. Четири години по ред истата вели дека во оваа фаза ќе се сретнат најголемите фовирити во домашниот шампионат Вардар и Шкендија. Народски кажано, „компјутер да беше ќе променеше нешто“ но не и во ждрепката на ФФМ. Четири години по ред од осум екипи односно четири потенцијални комбинации во четирите се погоди Вардар и Шкендија да играат меѓусебен дуел. И да е случајност за кое секако веруваме дека е, навистина е премногу. Секако Вардар најпрво треба да го мине Шкупи затоа што сеуште е осминафиналист но тоа за шампионот не би требало да биде преголема пречка. И потоа. Стандарден дуел Вардар – Шкендија. На сред сезона, по зимски услови, ќе им пројде редот што се вели и на двата тима, кој победи, нека му е со среќа и во огромна мера ќе го освои националниот куп. Ќе ја нема потешкотијата да се сретне со најголемиот ривал ниту во полуфинале, или пак во големото финале.

Најбезболно е сега да се „истребат“

Вардар и Шкендија би биле идеални финалисти во купот. Полн стадион, предизвик титула, победа над големиот ривал. Од што се плаши во случајов ФФМ, па ниту еднаш овие два тима заеднички не ја минаа четвртфиналната фаза, гласно се прашуваме? Од полни трибини, од инциденти, од навивачи, од погрдни скандирања, национализам? Од што? Или најлесно е да ги „пикнеш“ во четвртфинале да се „истребат“ меѓу себе, а потоа е лесно финалето со Работнички, Академија Пандев, Ренова или пак Пелистер. Таму ќе ти дојдат две три илјади публика колку да се каже и се ќе мине мирно и лесно. Е така не може. Или ќе се игра овој наш фудбал за публика, па макар тоа биле и спротивставени навивачки групи по сите основи или ќе си патиме од празни трибини уште долго. А гарантираме дека и „Балисти“ и „Комити“ едвај чекаат финале Вардар – Шкендија, а сите ќе бидат рамнодушни кон дуел со на пример Работнички. Од финале на големи фаворити можат сите да имаат корист, а вака сите губиме, и федерација, и клубови и навивачи и јавност.



Датум: 27.10.2017, 18:03
Статијата е прочитана 3402 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense