| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.05.2017

Попладнево три локални дербија во Втората лига

Најинтересно ќе биде на мечот Хоризонт Т – А. Пандев, а се среќаваат и Еуромилк – Скопје и Тиквеш – Вардар (Н)

Поплaднево од 16:30 часот, ќе се одиграат сите пет мечеви од 24.коло во Втората лига. На програмата се дури три локални дербија, од кое едното ќе се игра во Турново каде се среќаваат Хоризонт Т и А. Пандев. Со евентуален триумф „академците“, кои уште пред две кола го официјализираа своето влегување во Првата лига, ќе го потврдат и првото место во оваа конкуренција. Во Кавадарци се игра „вечното“ дерби меѓу Тиквеш и Вардар (Неготино) а во Скопје пак Еуромилк му е домаќин на Скопје. На останатите два меча во Кичево екипата на Новаци го дочекува Металург а во Тетово пак Тетекс се среќава со Влазерими.

ДВОЈКИ ЗА 24. КОЛО – ДЕНЕСКА (16:30 Ч)
КИЧЕВО: НОВАЦИ – МЕТАЛУРГ
СКОПЈЕ: ЕУРОМИЛК – СКОПЈЕ
ТУРНОВО: ХОРИЗОНТ Т – А. ПАНДЕВ
ТЕТОВО: ТЕТЕКС – ВЛАЗЕРИМИ
КАВАДАРЦИ: ТИКВЕШ – ВАРДАР (Н)



Датум: 06.05.2017, 13:00
Статијата е прочитана 1810 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense