| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.11.2017

Бошко Ѓуровски, кандидат за селектор на БиХ

Поранешниот предводник на Македонија, би можел повторно со селекторска функција

Селекторското место на БиХ остана празно по оставката на Мехмед Баждаревиќ, по неуспехот да се квалификува на Мундијалот во Русија. Во тамошната јавност кружат многу имиња, меѓу кои и нам добро познати, со оглед дека биле на клупата на македонскиот национален тим. Едниот од нив е Бошко Ѓуровски, кој  беше селектор на Македонија пред Друловиќ и пред Ангеловски и не се прослави многу водејќи ја нашата репрезентација на 11 меча и остварувајќи само две победи.
Ѓуровски оттогаш е без работа, односно нема ангажман во фудбалот. Инаку, тој ќе треба да се „бори“ со неколкумина други кандидати, како што се Марсел Колер (поранешен селектор на Австрија), Владимир Вајс, Винко Маринковиќ, Роберт Просинечки, Матијаж Кек, дури и прославениот холандски фудбалер Кларенс Сидорф.
Инаку, меѓу имињата за селектор конкурира уште еден ексселектор на Македонија. Станува збор за Среќко Катанец, кој од пред еден месец не е повеќе предводник на Словенија.



Датум: 19.11.2017, 10:39
Статијата е прочитана 547 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense