| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.11.2017

Шкендија ќе се „тестира“ со Дрита Гњилане

Пријателската со тимот од Косово ќе се одигра во сабота во Тетово, со почеток од 14:30 часот

Шкендија репрезентативната пауза ќе ја искористи за одигрување на еден пријателски меѓународен натпревар. Ривал ќе биде тимот на Дрита Гњилане од Косово, а овој „тест“ е закажан за во сабота со почеток од 14:30 часот на Градски стадион под Шара. Стратегот Ќатип Османи ќе може да смета на сите свои играчи освен на оние кои се во репрезентацијата како Хасани, Радески и Тотре. Во случај временските услови да се влошат, тогаш мечот ќе се игра на теренот на АМС со вештачка трева во Тетово



Датум: 09.11.2017, 17:23
Статијата е прочитана 1129 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.02.2018
21.02.2018
21.02.2018
21.02.2018
21.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense