| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.11.2017

Нова Вардарова „дремка“... (0:3)

Веќе видено од нашиот претставник во ЛЕ. Се е исто, само не се шест туку три. Реал Сосиедад на „Аноета“ славеше со 3:0

Ништо ново од Вардар. Иста, досадна, немоќна игра на момците на Чеде Јаневски. И секако пораз, овојпат од 0:3 во Сан Себастијан од домашниот тим Реал Сосиедад, кој речиси и да одигра со „втора“ брзина. И со таква игра Баскијците доминираа, создаваа шанси а постигнаа само три голови. Стрелци беа Хуанми во 31. минута, со тие 1:0 се замина на пауза. Во вториот дел Вардар прими уште два, прво во 69. минута Де Ла Бела постигна фантастичен гол а во 82. минута Баутиста ја искористи конфузноста на потесната одбрана на Вардар за конечни 3:0.
На крај да кажеме добро е Вардаре, барем не се шест...
Ова беше четврти настап на нашиот шампион во „Л“ групата во ЛЕ и четврти пораз, гол разликата е 1:17.


 



Датум: 02.11.2017, 22:58
Статијата е прочитана 772 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense