| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.11.2017

ПРИЈАТЕЛСКА СО ОАЕ НА 16 ДЕКЕМВРИ!?

Како што неофицијално дознаваме пред неколку денови пристигнала понуда од страна на Федерацијата на Обединетите Арапски Емирати за одигрување на пријателски натпревар

Нашата најдобра фудбалска репрезентација би можела на 16 декември да одигра пријателски натпревар со селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Меч кој би се играл во Дубаи или Абу Даби. Имено како што неофицијално дознаваме, Федерацијата на таа земја деновите упатила покана до Фудбалската Федерација на Македонија за одигрување на пријателски натпревар со селекција на играчи од нашата Прва лига засилена со неколкумина како Адеми, Спировски и други. За селекцијата на Обединетите Арапски Емирати би играле најдобрите играчи на таа земја, тие и така играат во домашниот шампионат.



Датум: 25.11.2017, 11:06
Статијата е прочитана 1428 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense