| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.05.2017

Акраповиќ пролупа...

Екс тренерот на Шкендија, како што наведуваат медиумите во Хрватска, простачки се однесувал по синоќешниот меч меѓу Сплит и Осијек

Кој ли бил тренер на Шкендија од јануари 2016 до ноември истата година? Човек по името Бруно Акраповиќ и човек кој медиумите во Хрватска го нарекуваат простак и дека тотално полудел. Имено тој по синоќешниот меч меѓу Сплит и Осијек, на кој неговиот тим загуби со 0:1 и со тоа испадна во Втора лига, ги обвини сите дека се виновни, но не и тој. Почнувајќи од претседателот на РНК Сплит, не ги заборави играчите завршувајќи до официјалниот спикер на стадионот. Откако се „издува“ на пресот кажа дека си дава оставка од Сплит и дека си оди во Германија кај семејството. 
Медиумите му „вратија“ дека може да оди во Барселона зошто таму клупата е празна по заминувањето на Луис Енрике, и дека таму платата била редовна.
Нема што, вистинскиот Бруно Акраповиќ го „запознаа“ и во Хрватска...



Датум: 27.05.2017, 10:06
Статијата е прочитана 3614 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense