| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.10.2017

Сега „шестка“, дебакл на Вардар среде Скопје


*Реал Сосиедад испорача шест голови во мрежата на нашиот евро претставник. Очајно издание на момците на Јаневски, заслужен пораз од 0:6


Во првото коло Зенит со „петка“, а вечерва Реал Сосиедад со „шестка“ го „поздрави“ Вардар среде Скопје. Моќниот состав на тимот од Шпанија во целост доминираше, брилјантен беше Вилиан кој во четири наврати го погоди голот на Гачевски. Првиот гол беше дело на Ојарзабал во 13. минута, потоа следуваше серијата на Вилиан од 34. па до 59. минута. За да Де Ла Бела стави крај на маките на Вардар со шестиот гол за својот тим во 90. минута.
Нема што, вечерва Вардар, ако не ги сметаме шансите на Николов и Барсегјан, беше очаен, заслужен пораз. Се виде дека залудни беа најавите од страна на вардарци дека ќе одат на бод, на победа, дека претчувствувале нешто што наликува на добар резултат. Оваа групна фаза од Лигата на Европа е некоја друга димензија за нашиот шампион, барем во првите три кола во „Л“ Групата.



Датум: 19.10.2017, 20:55
Статијата е прочитана 803 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense