| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.07.2017

Шкендија вреди 7.000.000 евра, Хелсинки само 4.500.000...

Ако се погледне вредноста, според Трансфермаркт, на екипите ривали во 2.квалификациско коло во ЛЕ, тогаш тетовци се фаворити на двомечот со Хелсинки

Шкендија не би требало да има поголеми проблеми да ја мине и следната пречка во квалификациите во Лигата на Европа. Хелсинки е познат клуб, најголем во Финска, но играчите на Хелсинки според Трансфермаркт, вредат само 4.500.000 евра. Од друга страна момците на стратегот Ќатип Османи заедно вредат 7.000.000 евра или речиси двојно повеќе. Секако дека ова не е гаранција дека ќе се мине без проблем тимот од Финска, но воедно покажува дека Хелсинки и не е којзнае каков баук. Првиот меч се игра во четврток во Струмица а реваншот една недела подоцна.



Датум: 08.07.2017, 14:55
Статијата е прочитана 5703 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense