| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.01.2018

Паника во Вардар за Висар Муслиу

Стоперот има неколку понуди од Унгарија и од Кипар

Трансферот на Бобан Николов во Видеотон се очекува да добие реализација во текот на следните неколку часа. Останува само официјалната промоција на фудбалерот од средниот ред кој што веројатно зимава ќе има нов клуб. Дарко Велковски е исто така пред трансфер во Риека.

Сега во Вардар владее паника да не останат и без уште еден од своите клучни играчи. Станува збор за Висар Муслиу кој што има понуди од тимот на Академија Пушкаш од Унгарија и од кипарска Омонија. Има и уште неколку клубови кои што би сакале да го видат во своите редови, а денеска или утре ќе треба да се знае и неговата судбина.

Договорот на Муслиу е таков што може во секое време да си оди од Вардар. Тоа ги прави шансите за трансфер уште поголеми на стоперот на националниот тим во друг клуб и разделба од најтрофејниот македонски тим по само шест месеци. „Црвено-црните“ сигурно дека би сакале да го задржат еден од своите играчи, кои што е во моментов неизоставен дел од националниот тим на Македонија.



Датум: 15.01.2018, 11:54
Статијата е прочитана 3631 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense