| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.10.2017

Му нудат нов договор на Несторовски


Палермо планира да го задржи својот капитен

Палермо планира да го задржи својот голгетер Илија Несторовски кој што има договор со тимот до 2019 година. Тимот од Сицилија подготвува нова соработка за Несторовски која што ќе биде со важност до 2021 година.
За Несторовски летово имаше голем интерес од клубови од Италија и Англија, но на крајот остана на Сицилија. Сега е можно да остане и понатаму во тимот уште плус две години.
Несторовски во Палермо дојде во минатата сезона и имаше одлични настапи во Серија „А“. И покрај тоа што тимот испадна, сепак, остана во Палермо, и од страна на клубот му беше доделена капитенската лента на екипата. Палермо посакува експресно враќање во италијанската „елита“ и во моментов е на првата позиција на табелата без пораз и со три победи и шест нерешени средби.



Датум: 17.10.2017, 13:12
Статијата е прочитана 1681 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense