| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.07.2017

И Силекс ќе си има свој Жуниор

Кратовци носат засилување од Бразил, неговото име е Антонио Маркос Де Оливеира Жуниор

Бразилскиот фудбалер, Антонио Маркос Де Оливеира Жуниор, денеска треба да пристигне во Креатово каде што ќе се појави на попладневниот тренинг на тимот. Според информации од клубот, откако ќе го одработи тренингот, што ќе послужи како проба на неговите квалитети, но пред се за запознавање на стручниот штаб и на фудбалерите со него, Бразилецот треба и да потпише договор со кратовскиот тим.
Станува збор за 23-годишен фудбалер кој настапува во средниот ред, со претежно офанзивни задачи на теренот. Тој доаѓа директно од Бразил каде што настапуваше во екипата на Тупинамбас како позајмен фудбалер од тимот Рио Бранко од Сао Паоло. Пред да премине во редовите на оваа екипа, тој бил член и на познатиот Интернасионал.



Датум: 04.07.2017, 16:22
Статијата е прочитана 3114 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense