| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.10.2017

Ангеловски го повика Адис Јаховиќ

„Бобан Николов отпадна поради повреда, го повикав Адис Јаховиќ, тој со своите игри во Гезтепе заслужи повик во репрезентацијата“ изјави селекторот на нашата најдобра репрезентација

Бобан Николов отпадна поради повреда а дополнително е повикан Адис Јаховиќ за мечевите со Италија и Лихтенштајн. Ова е најважното нешто од собирот на нашата најдобра репрезентација во пресрет на стартот на подготовките за дуелите со Италија и Лихтенштајн.
„Јаховиќ со своите игри во Гезтепе го заслужи овој повик. На подготовките ќе доцнат Димитриевски и Ристовски. Знаеме што може да очекуваме од ова гостување во Торино. Мислам дека можеме да се носиме и покрај силината на Италија, тоа го покажавме во Скопје на првиот меч. Сакаме да пробаме да изненадиме со тактички замисли, ќе подготвуваме неколку варијатни за овој меч. Имаме доста информации за Италија, си имаат проблеми со повредени играчи“ истакна селекторот Игор Ангеловски“ на брифингот со новинарите.
Марјан Радески, пак напаѓачот на Шкендија и нашата најдобра селекција истакна...
„Со нетрпение го очекуваме мечот, сакаме ако можеме да ги добиеме двата последни меча и да се бориме за тоа трето место. Италија ја има една од најдобрите одбрани но и ние имаме врвни напаѓачи. Во Скопје несреќно загубивме, сега очекувам среќата да биде на наша страна“ изјави Радески. 



Датум: 02.10.2017, 12:18
Статијата е прочитана 3047 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense