| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.11.2017

Падна договор: Јаховиќ од јануари во Галатасарај!

Турскиот гигант успеа да ги договори сите услови околу тарнсферот на Адис Јаховиќ во нивниот тим. Остануваат само детали и потпис

Адис Јаховиќ во следните неколку часа ќе го стави потписот со тимот на  Галатасарај. Двата клуба веќе се договорија, и остануваат само детали до комплетирањето на соработката, со што Јаховиќ од јануари ќе го носи дресот на славниот турски клуб.

Тренерот на овој тим наредил да се ангажира нов голгетер, и покрај тоа што ги има Бафатеми Гомис и Ерен Дердијок. Одлуката паднала на голгетерот на Гезтепе, и во следните денови ќе се случи и негова промоција во гигантот од Истанбул.

Јаховиќ ќе биде вториот играч од Македонија кој ќе игра во овој тим после Горан Пандев. Јаховиќ стана популарен во Турција откако оваа сезона игра супер во првенството на Турција. Пред неколку недели дефинитивно објави дека се откажува од дресот со националниот тим.



Датум: 07.11.2017, 13:52
Статијата е прочитана 5528 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense