| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.05.2017

Работнички стави „печат“, Вардар ја победи Ренова

„Романтичарите“ и дефитивно го „завери“ својот пласман во Европа по ремито во Тетово и по победата над Ренова

Работнички водеше со 2:0 во Тетово, имаше и шанси за зголемување на водството, но тие утки ги казни Радески и во финишот и успеа да го израмни резултатот на 2:2. Сепак и со тој бод Работнички се пласира во квалификациите на Лигата на Европа зошто Вардар ја победи Ренова со 2:0. Головите за шампионот ги постигнаа Барсегјан и Балотели.
Шкупи со 3:0 ја „секна“ Брегалница и дефинитивно ја втурна кон Втората лига. Силекс и Пелистер одиграа интересен и полн со голови натпревар, крајниот резултат е 3:3, сепак главен настан на овој меч е тоа што Баже Илијоски постигна гол со што сега со 126 голови е прв стрелец во историјата на мак - фудбалот во Првата лига.
И во Прилеп три црвени картони, пенали и многу голови, дури шест. Прилепчани со 4:2 славеа над Македонија ЃП.

РЕЗУЛТАТИ 34. КОЛО
ВАРДАР - РЕНОВА 2:0
ШКЕНДИЈА - РАБОТНИЧКИ 2:2
ШКУПИ - БРЕГАЛНИЦА 3:0
ПОБЕДА - МАКЕДОНИЈА ЃП 4:2
СИЛЕКС - ПЕЛИСТЕР 3:3

ТАБЕЛА
1. Вардар 79 бодови, 2. Шкендија 66, 3. Работнички 54, 4. Пелистер 52, 5. Ренова 48, 6. Силекс 43, 7. Победа 38, 8. Шкупи 36, 9. Брегалница 21, 10. Македонија ЃП 19 бодови.



Датум: 21.05.2017, 18:33
Статијата е прочитана 2189 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense