| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.03.2017


Струмичко дерби во Вторта лига

Академија Пандев е фаворит во струмичкото дерби против Хоризонт Турново во дуел во кој лидерот на табелата ќе се обиде да се врати во победнички ритам по поразот во минатото коло од Скопје. Со ова коло завршува вториот натпреварувачки круг, а од идното се почнува со примена на системот „Бергер“


Струмичкото дерби меѓу екипите на Академија Пандев и на Хоризонт Турново ќе го обележи 18 коло во Втората лига. Тоа ќе биде дуел на два тима, кои имаат сосема спротивен ефект воп досегашниот тек од пролетната полусезона. Домаќините на оваа средба ја стартуваа пролетта со две победи по ред по што во минатото коло загубија на гостувањето на Автокоманда против скопје, додека Хориознт загуби две средби пред во минатото коло да слави против Металург. Таквата серија сепак, не менува ништо во фаворитската улога, којашто на оваа средба сепак, ја има екипата на Академија Пандев. Киксот против Скопје беше само вториот пораз во 17 досега одиграни средби и воопшто не ги разнишува плановите на „академците“ за експресно обезбедување на промоцијата во прволигаш.

СИТЕ СО МАКСИМУМ ПРОТИВ „ПАНДЕВ“
Таа фаворитска улога сепак, не значи и дека Акдемијата ќе има лесна задача да дојде до трите бодови. Тоа го покажа и првиот меѓусебен дуел на овие две екипи кога Академија Пандев победи, но со доста мака и само минимални 1:0. Затоа и дуелот со право го понесува епитетот дерби, особено што за „турновци“ оваа средба ќе претставува максимална мотивација., како што е впрочем  со сите противници на убедливиот лидер во лигата.
„Сите екипи што играат против нас настапуваат со максимална мотивација и борбеност. Секој евентуален успех против нашата екипа за нив може да биде импулс за остатокот од првенствот и ние сме свесни за тоа. Но, свесни сме и за нашиот квалитет и за амбициите што ги имаме и тие ни го одземаат секое право да размислуваме или да очекуваме нешто различно од победа на секој настап. Јасно ни е дека во вакви градски дербија мотивацијата секогаш е на едно повисоко ниво, а со тоа расте и неизвесноста на средбата, но ние очекуваме три бодови“ – најавува шефот на стручниот штаб на Академија Пандев, Панче Стојанов.
Во обидот да дојде до нов триумф со својата екипа, Стојанов ќе може да смета на сите фудбалери, а единствен кој е неизвесен за настап е најдобриот стрелец во лигата Зоран Балдовалиев, кој има мали проблеми со повреда.
Што се однесува до Хоризонт Турново, тие завршија голема работа за нив во минатото коло со победата против Металург. Тој триумф на за турновци знаќеше запирање на наглиот понор кон кон долниот дел од табелата и стабилизирање во средишницата. Затоа, секој бод со Акдемија Пандев за нив ќе биде како бонус, иако тоа не значи дека „црвено-белите“ се однапред предадени. Како што велат од клубот на терен ќе излезат растоварено од каков било притисок и ќе се обидат да се надигруваат со противникот.

ДВОЈКИ 18. КОЛО (25.03.2017 - САБОТА) 14 Ч
А. ПАНДЕВ - ХОРИЗОНТ Т
МЕТАЛУРГ - ВЛАЗЕРИМИ
ЕУРОМИЛК - ТЕТЕКС
ТИКВЕШ - НОВАЦИ
ВАРДАР (Н) - СКОПЈЕ



Датум: 25.03.2017, 10:33
Статијата е прочитана 1426 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense