| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.05.2017

Ѓуровски: Сите знаеме како Партизан стана шампион

„Им ја честитав титулата поради формалност, но сите знаеме како дојдоа до ситуација да бидат шампиони“, рече тренерот на Црвена Звезда

Непосредно пред финалето на Купот на Србија, тренерот на Црвена Звезда Бошко Ѓуровски го „пецна“ својот ривал Партизан. Ѓуровски се сомнева во освојувањето на титулата на лутиот ривал, па запрашан дали честитал, тој одговори:

„Да, им ја честитав титулата на Партизан, но тоа го сторив поради формалност. Инаку сите знаат како стигнаа до титулата“, рече Ѓуровски.

Тренерот на Звезда е задоволен од тоа како тимот напредува во последно време.

„Задоволен сум од играта на мојата екипа. Имаме гол разлика од 11:1 во последните три меча и тоа сите голови ги постигнуваме од акции. Имаме разновидност во играта“, рече Ѓуровски.



Датум: 22.05.2017, 17:18
Статијата е прочитана 3977 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense