| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.04.2017

Шкендија ја спасува честа, Вардар ја потврдува титулата

Попладнево (16 часот) во Тетово, најголемите, „милионерите“ во мак - фудбалот Шкендија и Вардар, се среќаваат по шест пат сезонава

Шкендија - Вардар, Вардар - Шкендија тоа се мечевите кои ја одбележаа цела 2016/2017 сезона, како во првенството така и во Купот на Македонија. Големите, најголемите во мак - фудбалот, исто како и лани, како да си ги поделија улогите на двата фронта. Во првенството Вардар има +13 бода и повеќе од сигурно е дека ќе дојде до драгоцениот пехар, додека Шкендија беше подобра во Купот и во финалето е фаворит во битката со Пелистер.
Големите, „милионерите“, гигантите во мак - фудбалот без разлика на која позиција се и без разлика каде се игра мечот сакаат победа по секоја цена.

Вујчиќ: Ќе играме без притисок

Штефан Вујчиќ е еден од најважните „шрафови“ во играта на тетовскиот клуб.  Има одиграно десетина дерби средби против Вардар, прво како фудбалер на Работнички а потоа и на Шкендија. Со „романтичарите“ во повеќе наврати се радувал на победи над Вардар, во дресот на Шкендија немал можност премногу да се радува.
За интернет страницата на ФК Шкендија тој изјави...
„Имаме добра атмосфера во екипата, во клубот. После оној пласман во финалето во Купот на Македонија, откако го елиминиравме Вардар, секако дека ни овозможува на овој меч да одиграме без оптоварување, да одиграме без притисок. Вардар е добар тим, поседува квалитет но и Шкендија е квалитетна. Тоа ќе биде добро дерби а ние посакуваме добра игра и секако посакуваме победа“.

Брдаровски: Победнички, до крај

Триумф во Тетово над директниот конкурент во битката за титулата, ќе го доближи уште повеќе Вардар до шампионскиот пехар, кој што може да го освои веќе во недела. А, Вардар и тоа како добро знае како се победува во Тетово. Не беше така одамна минатата среда кога го победи тимот на Шкендија со 0:1, со шанси да му нанесе уште потежок пораз и сензационално да го елиминира противникот.
Вардарци очекуваат продолжување на серијата на победи која што трае веќе осум натпревари.
„Сакаме да ја продолжиме серијата на победи и после денешното гостување во Тетово. Можам да кажам дека ќе атакуваме на трите бодови. Иако имаме голема предност на табелата, и сите веќе не сметаат за шампиони, ние немаме намера да се опуштиме и одиме победнички до крај. Исто така сезонава имаме три победи во првенството против Шкендија, и сакаме и четврти триумф. Ние сме Вардар и на секој натпревар со секој противник атакуваме на победа“, рече десниот бек на шампионот .



Датум: 26.04.2017, 15:03
Статијата е прочитана 580 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense