| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.07.2017

Одлични 1:1 за Вардар во Малме

Бобан Николов е златното момче на Вардар кој во 63. минута им донесе водство на „црвено – црвените“. Малме се спасуваше и израмни преку Брорсон во 75. минута.

Со добар резултат македонскиот шампион Вардар се враќа од гостувањето кај Малме, каде што во рамките од првото квалификациско коло за лигата на шампионите одигра 1:1, против шведскиот шампион. Иако многумина сметаа дека Вардар ќе одигра епизодна улога, напротив вардарци поведоа и во еден момент имаа и триуфм во рацете. Херој Бобан Николов кој погоди во 63. минута со порезицен удар од полудистанца, за молк на стадионот во Малме.
Сепак, домаќинот преку Брорсон успеа да израмни на 1:1, во меч во кој Вардар дефинитивно покажа што сака, каде цели и на што се надева во овој двомеч. Обезбеди реми со постигнат гол кое во реваншот му дава сериозни шанси за пласман во следната фаза.
И во првото полувреме Вардар можеше да го отвори резултатот и тоа по шансите на Балотели. Малме имаше тереснка иницијатива, изведе тринаесет корнери, имаше и шанси за комплетен пресврт, но во клучните моменти Гачевски прекрасно интервенираше на зицерот на Кристијансен. Истиот играч во 95. минута ја погоди и гредата, а резултатот сепак остана 1:1.
Реваншот се игра на 18. јули во вторник на стадионот Младост во Струмица.



Датум: 12.07.2017, 20:57
Статијата е прочитана 2246 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense