| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.04.2017

Муарем шампион со Карабах

На две кола пред крајот во првенството на Азербејџан, лидерот на табелата има предност од седум бода

Го имаме првиот интернационалец со шампионска титула во странство. Со денешната победа над Интер Баку на гости со 0:3, Карабах и дефинитивно ја обезбеди шампионската титула во Азербејџан. Четврти по ред е тоа трофеј за оваа екипа која што летоска повторно ќе игра во Лигата на шампионите.

За Муарем ова е исто така четврти шампионски пехар со оваа екипа откако ги освои во 2014, 2015 и 2016 година, иако пола година беше дел од Ескишехирспор, но веднаш се врати во Азербејџан.

Муарем има понуда од Турција, поточно од тимот на Малатијаспор кој што сака летоска да го види во своите редови.



Датум: 16.04.2017, 20:35
Статијата е прочитана 2731 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense