| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.05.2017

ХЕРОЈОТ БАЖЕ: Заслужено победивме, цела Битола нека се радува

„Бевме подобар противник. Мислам дека заслужено победивме и сега цела Битола нека се радува“ изјави стрелецот на победничкиот пенал

Пелистер по 16 години успеа да го освои трофејот во купот на Македонија. Битолчани предмалку успеаја да ја победат Шкендија по подобро изведување на пенали, откако мечот во регуларниот дел, односно по продолженијата заврши 0:0.

Баже Илијоски го изведе победничкиот пенал и со тоа дојде до петтиот куп трофеј во својата кариера.
„Бевме подобар противник иако Шкендија имаше иницијатива. Но, ние имавме подобри шанси за гол. Промашивме неколку добри акции, додека противникот немаше ниту една изгледна шанса, освен удари од далечина. Сметам дека заслужено победивме. Цела Битола нека се радува“ изјави Илијоски.



Датум: 17.05.2017, 20:29
Статијата е прочитана 931 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense