| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.07.2017

КУЛЕСКИ: Арсенал е искуство кое не се заборава

Никола Кулески, нашиот младински репрезентативец изминатиот викенд имаше можност да настапи за својот клуб, Сиднеј против ни по малку ни повеќе туку големиот Арсенал.

Премиерлигашот е на турнеја низ Австралија, а нашиот фудбалер доби минутажа која ќе ја помни целиот живот.
„Благодарен сум на мојот клуб, кој ми даде шанса да настапат против големиот Арсенал. Да се игра против еден Озил, Лаказет, Жиру нема секој фудбалер па мора да истакнам дека сум многу среќен што токму јас ја имав таа можност. Се добива непроценливо искуство од ваквите мечеви против силни противници. Спектакл пред осумдесет илјади гледачи не се случува секој ден, и тоа против тимот за кој навиваш од дете е доживување кое ќе го помнам за цел живот“ - изјави за Македонски Спорт, Никола Кулески.



Датум: 17.07.2017, 17:20
Статијата е прочитана 2996 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense