| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.02.2017

И Пелистер и Брегалница вечерва во карантин во Охрид

Двете екипи кои утре со меѓусебниот дуел го отвараат 20. коло, од денеска се крај Охридското езеро

Пелистер и Брегалница ништо не сакаат да препуштат на случајот. Фудбалерите на двете екипи заедно со своите стручни штабови од денеска се во Охрид, каде ќе ја минат ноќта во карантин во еден од хотелите крај Охридското езеро. Инаку утре со почеток во 14 часот, токму Пелистер и Брегалница на стадионот СРЦ „Атина Бојаџи“ во Охрид, со својот меѓусебен дуел ќе го отворат 20. коло во нашата Прва лига. Се разбира дека фаворит на хартија се „зелените“ од кои се очекува првата пролетна победа иако Брегалница не смее никако да се потцени.

 



Датум: 24.02.2017, 19:31
Статијата е прочитана 2000 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense