| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.09.2017


Жуниор и Цуцули ги продолжија договорите со Шкендија

Попладнево од 17:30 часот „црвено - црните“ се среќаваат со Марибор. Жуниор ја продолжи верноста на три, а Цуцули на една година


Иако имаше понуди од повеќе клубови, па и од Македонија, дури и  двојно поголеми од она што му го нудеше Шкендија, Стенио Жуниор остана во Тетово и ја продолжи верноста со „црвено - црните“ за уште три години.
Ардијан Цуцули имаше пак понуда од Албанија, но сепак и тој остана во Шкендија и ќе игра за овој тим и во наредната сезона.

ДЕНЕСКА „ГЕНЕРАЛКА“ СО МАРИБОР

Денеска во 17:30 часот во Словенија, Шкендија ќе ја одигра својата трета и последна контролна средба пред настапот во Лигата на Европа. Спаринг - партнер ќе биде Марбор, шампионот на Словенија и еден од најдобрите клубови во овој дел на Европа.




Датум: 20.06.2017, 11:13
Статијата е прочитана 771 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense