| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.10.2017

Втора лига - Исток: Беласица киксираше, сега Брегалница е лидер

*Струмичани во Гевгелија загубија од Кожуф и го загубија првото мести, штипјани дома со 5:0 го прегазија Осогово и сега се лидери на табелата

Интересни резултати на денешните мечеви во 9. Коло во Втората лига – Исток каде што имаме и нов лидер на табелата, а тоа е Брегалница. Штипјани дома го згазија Осогово со 5:0 и го искористија киксот на Беласица која пак загуби во Гевгелија од Кожуф со 2:1. Така да сега по 9. Коло Брегалница има 21 бод, еден повеќе од Беласица. Тиквеш со гол од пенал на Мојсов во 70.минута успеа да го победи составот на Плачковица а Победа и Саса одиграа нерешено 1:1.


РЕЗУЛТАТИ – 9. КОЛО
БОРЕЦ – ХОРИЗОНТ Т           3:0 (СЛУ)
БРЕГАЛНИЦА – ОСОГОВО     5:0
КОЖУФ – БЕЛАСИЦА             2:1
ПОБЕДА (В) – САСА                1:1
ТИКВЕШ – ПЛАЧКОВИЦА      1:0

ТАБЕЛА
1.Брегалница 21, 2.Беласица 20, 3.Борец 16, 4.Кожуф 16, 5.Плачковица 15, 6.Тиквеш 12, 7.Победа (В) 9, 8.Саса 8, 9.Осогово 7, 10.Хорионт Т 3 бодови



Датум: 21.10.2017, 17:02
Статијата е прочитана 2070 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense