| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.07.2017

Нека биде пекол за Данците

Вардар со Малме покажа моќ, покажа дека е тим за највисоки дострели. Е па ако е така тогаш ајде Вардаре, да одиме на победа и со Копенхаген. Подршката ќе биде голема вечерва на Арената, атмосферата ќе биде величенствена, ако можевме со Швеѓаните зошто да не можеме и со Данците

Вечерва Вардар, нашиот шампион го дочекува Копенхаген во рамките на првиот меч од 3. квалификациско коло во ЛШ. Вечерва нека биде пекол за Данците, нека биде тоа уште еден тежок вардаров удар врз тие скандинавци. Вардар со Малме пред една недела во Струмица покажа моќ и во елитата, покажа дека е тим за највисоки дострели. Е па ако е така тогаш ајде Вардаре, да одиме на победа и со Копенхаген.  Вардаре ти вечерва ќе ја имаш поддршката на Арената, но знај Вардаре дека вечерва цела Македонија ќе биде со тебе. Ти вечерва играш за сите нас, без разлика дали сме вардарци или било како клупски обоени. Не треба да има тактизирање, треба само напад. Во една величенствена атмосфера ти посакуваме Вардаре, уште една величенствена победа.
Само напред и само на победа...



Датум: 25.07.2017, 17:09
Статијата е прочитана 954 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense