| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.02.2017


Вардар зареди со победите, совладан и Локо П

Во својата претпоследна контрола во Анталија, попладнево нашиот шампион славеше со 2:1 над Локо Пловдив


По триумфот над Анжи, денеска Вардар во Анталија, во пријателски натпревар го победи и Локо Пловдив, еден од најдобрите клубови во Бугарија. Уште едно солидно издание на четата на стратегот Гоце Седлоски. „Црвено - црните“ поведоа со 1:0 со голот на Влатко Грозданоски во 18. минута. Евгениј Новак во 79. минута зголеми на 2:0 а поразот на Локо Пловдив беше ублажен од Камбуров во 88. минута. За бугарскиот тим настапија и македонците Ванчо Трајанов, Роберт Петров и Стефан Јефтоски.



Датум: 08.02.2017, 15:22
Статијата е прочитана 1365 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense