| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.02.2017

Аврамовски: Горд сум што ја носев звездината „десетка“!

„Дојдов во Олимпија кој е амбицозен клуб, сепак мора да кажам дека сум горд што во Ц. Звезда ја носев „десетката“, дресот на Стојковиќ, Станковиќ, Савичевиќ, вашиот Ачимовиќ“ изјавува за медиумите во Словенија Даниел Аврамовски

Даниел Аврамовски уште на првите контролни средби покажа дека ќе биде големо засилување за Олимпија. Тоа го истакнуваат медиумите, потоа навивачите на „змајчеки“, главните во клубот.
Во интервјуто за еден тамошен медиум нашиот млад репрезентативец посочи дека е задоволен што дошол во Олимпија но исто така се осврна и на својот престој во Ц. Звезда.
„Дојдов во Олимпија кој е амбицозен клуб, сепак мора да кажам дека сум горд што во Ц. Звезда ја носев „десетката“, дресот на Стојковиќ, Станковиќ, Савичевиќ, вашиот Ачимовиќ. Одлично сум примен во Олимпија и сега од мене се очекува квалитетни игри“ вели Аврамовски.
Ранко Стојиќ, спортскиот директор на Олимпија, човекот кој е најзаслужен за трансферот на Аврамовски посочи...
„И ние сме задоволни што Аврамовски дојде кај нас. Тој беше фудбалер на екс европскиот и светски првак, затоа не размислувавме да го доведеме“ изјави Стојиќ.



Датум: 01.02.2017, 12:03
Статијата е прочитана 1076 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense