| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.01.2017

Антонио Митрев во Црвена Звезда



Досегашниот првотимец на скопски Металург и еден од нашите најталентирани млади фудбалери, Антонио Митрев својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Црвена Звезда

Офанзивецот мина десетина дена на проба во Белград, одигра и три тест мечеви за да ги покаже своите несомнени квалитети, а домаќините очигледно задоволни од она што го видоа веднаш на Митрев му понудија и договор, односно останување во тимот. Митрев секако ќе биде дел од младиниот У21 состав на Црвена Звезда но сите ние добро знаеме колку е тешко да се мине и тој филтер, особено за македонските играчи. Со ова младиот Антонио покажа дека има сериозна перспектива пред себе и дека на него во иднина Македонија и нејзините национални селекции треба сериозно да сметаат. Митрев се враќа во Скопје, а во среда повторно е во Белград каде со Звезда заминува на подготовки во Црна Гора. Митрев е стандарден во репрезентацијата до 19. Години и има одиграно неколку мечеви.
На овој начин, ние по само неколку дена повторно добивме претставник во овој за наши простори голем клуб, откако од него зимава си заминаа Давид Бабунски и Даниел Аврамовски.

 



Датум: 21.01.2017, 14:12
Статијата е прочитана 5201 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense