| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.07.2017

Алексовски и Нешовски нови имиња во Силекс



Дарко Алексовски дојде од Кит Го од Пехчево, додека Нешовски потекнува од школата на Силекс

Фудбалерот од средината на теренот, Дарко Алексовски, е најновото засилување што го промовираше екипата на Силекс. Алексовски е 26-годишен фудбалер, кој минатата сезона настапуваше во екипата на Кит го од Пехчево, со која прикажа прилично добри и забележителни настапи во Источниот Регион од Третата лига. Пред да биде член на тимот од Пехчево, тој настапуваше и во редовите на Брегалница, клубот од неговиот роден град, Штип.
Истовремено, кратовци го промовираа и Ненад Нешовски како член на првата екипа. Нешовски е фудбалер роден 1990 година, кој добива прекоманда од младинските категории на кратовци во сениорскиот состав. На теренот дејствува на десните странични позиции, а подеднакво добро се снаоѓа и на позицијата бек, но и поофанзивно, како крилен фудбалер.

 



Датум: 09.07.2017, 16:56
Статијата е прочитана 7574 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense