| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.06.2017

Турски испит пред Шпанија

„Имаме против себе силен противник, но тоа не значи дека ќе го прецениме. Одиме на победа“, вели Спировски

Баравме сериозен спаринг-партнер пред спектаклот против Шпанија во Скопје, и го добивме. Селекцијата на Турција е противник по мера, како загревање за она што ги очекува македонските фудбалски репрезентативци в недела и дуелот со големата „фурија“ на арената.
Турците доаѓаат во најсилен состав. Да ги имаше уште и повредениот Топрак и суспендираниот Чалханоглу, тоа ќе беше далеку посериозна селекција и дефинитивно најсилната Турција што дошла во Скопје. Но и со овие момци што ги доведе селекторот Фатих Терим, Турција важи за фаворит.
Иако станува збор за пријателски натпревар, сепак, тој може многу да значи за нашите фудбалери пред пресметката со Шпанија. Добар резултат ќе донесе добра атмосфера и подигнување на самодовербата пред дуелот со „фуријата“, пред меч на кој нема што да се загуби, туку може многу да се добие.
И на репрезентативците на Македонија им е јасно дека против себе имаат една од најдобрите селекции што гостувале во Скопје во последно време, но очекуваат добар настап и помош од публиката за добар резултат.
„Против себе имаме противник кој е сериозен и кој има играчи што настапуваат во силни екипи. Да не заборавиме дека Туран игра во Барселона, неколкумина во Бешикташ, кој стигна далеку во Лигата на Европа и се справи со секоја екипа. Во секој случај, ова ќе биде еден одличен тест пред дуелот со Шпанија. Го цениме противникот, меѓутоа не го преценуваме. По првиот свиреж, нема веќе респект. Знаеме дека и ние имаме квалитет и дека можеме да стигнеме до добар резултат на оваа средба“, вели Стефан Спировски.



Датум: 05.06.2017, 18:50
Статијата е прочитана 987 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense