| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.02.2017

Пелистер и натаму „тера по старо“

Тимот на Пелистер по петти пат на подготовките во Аланија одигра нерешено овојпат со бугарскиот прволигаш Нефтохимик

Вистински рарирет се резултатите на пријателските средби на битолчани. Ниту загубија ниту победија. Овојпат мечот заврши 1:1, откако во првиот дел по само пет минути Романов ги доведе бугарите во водство од 0:1. Потоа Пелистер ги презема работите под свое, одигра повеќе на противничката половина и погоди во 25. минута. Тошевски нафрли, Илијоски ја спутши топката со глава, а Иве Трифуновски со удар го совлада противничкиот голман. Во вториот дел иако Пелистер имаше свои шанси сепак не искористи ниту една од нив и резултатот остана тој.



Датум: 08.02.2017, 16:52
Статијата е прочитана 2902 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense