| контакт | маркетинг
ТЕНИС

02.02.2017

Ѓоковиќ си купи два стана на Менхетен!

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ потроши 11 милиони долари на два стана во Менхетен, вложувајќи дел од своите средства заработени од спортот

Според „Дејли мејл“, Ѓоковиќ си купил два стана во Сохо, во зграда дизајнирана од славниот архитект Ренцо Пиано. Работата уште не е завршена (планираниот рок е 2018). Двата стана не се споени, така што тој нема да направи еден поголем стан од нив.
Ова не е прва недвижнина на Ѓоковиќ во САД, бидејќи неодамна купи луксузен стан во Мајами, каде што се надева дека ќе поиминува повеќе време во текот на тениската сезона.
„Њујорк и Мајами се чести на мојата листа на патување, така што ќе биде интересно да се чувствуваш како дома“, вели Ѓоковиќ.




Датум: 02.02.2017, 17:20
Статијата е прочитана 1886 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense