| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.10.2017

Шкендија се враќа во европска Струмица

*Во пресрет на утрешниот дуел со Академија Пандев, тетовските „црвено - црни“ вечерва ќе бидат во карантин  во еден од тамошните хотели

По пауза од два месеци Шкендија се враќа во европска Струмица. Велиме во европска зошто тетовци ова лето во овој град имаа три меча во квалификациите во Лигата на Европа и сите три ги добија со убедлив резултат. Со Дачија беше 3:0, со Хелсинки беше 3:1 и со Тракаи 3:0. Три меча, три победи со гол разлика 9:1. Струмица буди убави сеќавања за составот на Ќатип Османи. Ќе видиме утре на гостувањето кај Академија Пандев дали оваа победничка серија на Шкендија ќе продолжи на стадионот „Младост“. Инаку експедицијата на Шкендија попладнево патува за Струмица каде вечерта ќе биде во карантин во еден од тамошните хотели. Инаку утрешниот меч започнува во 14:30 часот.



Датум: 24.10.2017, 13:49
Статијата е прочитана 1851 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense