| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.10.2017

Јаховиќ: Доста е со репрезентацијата!

„Не дека не ја сакам Македонија, но сметам дека во репрезентацијата само губам време и губам од формата.“, вели Јаховиќ


Адис Јаховиќ нема повеќе да настапува во репрезентацијата на Македонија! Напаѓачот на Гезтепе истакна дека само губи од формата со доаѓањето во селекцијата, и затоа во иднина нема да одговора на повиците на македонскиот национален тим.

Јаховиќ не доби шанса на последните два натпревари против Италија и против Лихтенштајн.

„Одлучив да прекинам со репрезентација. Да не бидам разбран погрешно, јас ја сакам Македонија, таму сум роден, таму сум израснат, но мојата одлука е поради тоа што видов дека ништо не се сменило. Едноставно не сакам никогаш да сум втора опција. Најдобар стрелец сум во турската Супер Лига, играм стандарно за клубот, лани постигнав 23 гола во Втора лига. Навистина не е лесно. И покрај тие голови, да бидам повикан како резервен играч, како втора опција за Македонија, тоа не ми се допаѓаше. Со репрезентацијата само губам време и губам од формата. Затоа одлучив да кажам - доста беше“, истакна Јаховиќ.

Целиот разговор со Адис Јаховиќ можете да го прочитате во утрешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 11.10.2017, 11:41
Статијата е прочитана 9460 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense