| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.09.2017

Самсоненко: Не се плашиме од Зенит

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко даде интервју за руското радио „Спорт ФМ“ во кое зборуваше за очекувањата во првиот меч од Лигата на Европа против рускиот Зенит во Скопје

Самсоненко јасно кажува дека е презадоволен од влезот во Лигата на Европа, и дека има огромна доверба во својот тим.
„Кога го преземав тимот, главната цел беа европските натпреварувања. Ова е голем успех, бидејќи првпат еден македонски клуб игра во групната фаза на Лигата на Европа. Работевме напорно последните три години за ова, така што успехот е заслужен. Цело ова време тивко го подмладувавме тимот и сега половина од играчите иамат под 23 години. Сега кај нас ќе дојде рускиот фудбалер Максим Максимов, иако има проблеми со својот претходен тим. За месец дена ќе го решиме проблемот“, вели Самсоненко.
Бизнисменот вели дека верува во успех во мечот.
„Зенит? За мене мечот е посебен само бидејќи играме со руски тим. Не сакав да добиеме руски тим во групата. Дали се плашиме од Зенит? Зошто би биле исплашени - тие исто така имаат 11 фудбалери на теренот. Секако, нивните имиња се посилни, како и статусот на клубот. Одиме да се бориме, да оствариме добар резултат и добар фудбал“, додава Самсоненко.
Тој исто така зборуваше за состојбите во рускиот фудбал.
„Дали ќе успееме да привлечеме руски играчи? Тоа е многу скапо, бидејќи рускиот шампионат е посилен и има повеќе пари. Од тренерите, искрено ми се допаѓа тренерот на ЦСКА, Гончаренко“, објаснува Самсоненко.



Датум: 14.09.2017, 16:20
Статијата е прочитана 2922 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense