| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.02.2017

(ФОТО) Вардар на дружење во „Васил Антевски - Дрен“

Дел од вардаровите фудбалери денеска се дружеа со учениците од средното училиште „Васил Антевски - Дрен“ во населбата Кисела Вода.

Учениците имаа можност да се фотографираат со дел од играчите, и да земат автограми од своите идоли.
Првотимците на Вардар одиграа и ревијален натпревар на мали голчиња против тимот од ова училиште. Претходно имаше дружење многу фотографии со играчите Којашевиќ, Блажевски, Алексовски, Николов, Димков, Стојчевски и Петковски.


Ова е втора посета на „црвено-црните“ во ова училиште за последната година. Во четврток следува посета на Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ кое се наоѓа исто така во населбата Кисела Вода во Скопје.



Датум: 21.02.2017, 14:32
Статијата е прочитана 1058 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense