| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.12.2017

Вардар - Работнички: Само победа намалува разлика

Единствено три бода вршат работа за Вардар во денешната пресметка со ривалот од другата страна на стадионот

Вардар против Работнички, во 60. меѓусебен натпревар во прволигашката конкуренција како „шлаг“ на првенствените настапи во оваа 2017 година. Можеби ќе беше поинаку ако „романтичарите“ на пример беа во битка за врвот на табелата. Но околностите наложија да тимот од Дебар Маало го нема оној сјај од минатите три години, но и натаму останаа незгоден ривал кога станува збор во дуелите со Вардар. Токму тоа го покажаа на првиот натпревар кога успеаја да го надиграат и да го совладаат својот сосед со 3:1. Работнички посакува реприза, а пак, Вардар посакува овој  пат да му се одмазди на својот ривал за тој пораз, и нормално да ја намали разликата пред водечката Шкендија на едноцифрена, затоа што во моментов истата изнесува 11 бодови.

ВАРДАРЦИ ПОДГОТВЕНИ ЗА ОДМАЗДА

Како знаат и умеат Вардарци мора да му се одмаздат на својот ривал и да го победат, за да ја намалат разликата и да ги задржат теоретските шанси за одбрана на титулата.
„Ова ни е последен натпревар во првенството, прво сакаме да ја намалиме бодовната разлика во однос на нашиот ривал на првото место, а второ сакаме да им вратиме на Работнички за поразот во првиот натпревар. Тие беа подобри, сосема заслужено победија, сега посакувам и очекувам ние да бидеме подобри и да победиме. Завршува овој прв дел од сезоната во првенството во кој што сметам дека можевме многу подобро. Сега не ни останува ништо друго, освен да победиме и да ја намалиме разликата и да се обидеме во пролетниот дел од сезоната да стигнеме до тоа прво место кое што секогаш е целта. Со Работнички ќе биде тежок натпревар, очекувам добра игра и три бода“, вели искусниот Никола Глигоров.

„РОМАНТИЧАРИТЕ“ ЗА РЕПРИЗА

Од друга страна, пак, Работнички посакува реприза од последниот првенствен натпревар со Вардар кога успеа да го надигра и да го порази со 3:1. Тогаш „романтичарите“ беа во криза, меѓутоа навреме излегоа од неа со триумфот над шампионот кој што, пак, имаше еден мал пад на оваа есенска полусезона поради настапите во групната фаза од Лигата на Европа.

Во досегашните 60. мечеви, Вардар има 26 победи, Работнички 20, а 13 меча заврши нерешено.



Датум: 13.12.2017, 10:53
Статијата е прочитана 378 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense