| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.05.2017

Болоња го „мерка„ Ристовски

Италијанскиот стручњак посакува нова соработка со македонскиот десен бек

Покрај интересот од Лацио летоска, и најновиот од Спортинг, Болоња е тимот кој што се очекува да се вклучи во трката за потписот на македонскиот интернационалец Стефан Ристовски. Во оваа екипа тренер е искусниот Роберто Донадони, стручњакот кој што му беше „учител“ на Ристовски во тимот на Парма.
Според информациите, тој ја следел одличната игра на Ристовски во дресот на Риека која што е на пат да ја освои титулата во Хрватска, и токму на него паднал изборот за нов десен бек на екипата за следната сезона.
Ристовски беше дел од Парма од 2010 до 2015, во тој период дебитираше за екипата во Серија „А“ токму под водство на Донадони. Цената на Ристовски во моментов изнесува околу 2 милиони евра, додека, пак, Риека е подготвена да го пушти својот фудбалер за сума од 3 милиони.
За Ристовски имаше интерес и од Холандија, од тимот на Ајакс, а многу веројатно дека летово ќе ја смени дестинацијата.



Датум: 01.05.2017, 15:55
Статијата е прочитана 1557 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense