| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.03.2017

Криушенко: Да се сопре Пандев

Селекторот на Белорусија не го крие својот респект кон капитенот на репрезентацијата на Македонија

Игор Криушенко, селекторот на Белорусија на штотуку завршениот прес на Арената во Скопје, пред утрешниот пријателски меч со нашата најдобра селекција истакна дека не го крие својот респект кон Горан Пандев, најдобриот наш фудбалер и капитен на селекцијата.
„Македонија е добра селекција со добра игра и добри напаѓачи. Едниот од нив е Пандев и секако дека ќе биде интересно. Треба токму него да го сопреме. Во врска со составот истиот значително ќе се разликува од оној што настапи со Шведска. Исто така пред натпреварот ќе решам со каква тактика ќе му се спротиставиме на домашниот тим“ кусо изјави Криушенко.
По пресот гостинската селекција го одработи и тренингот пред мечот кој утре започнува во 18 часот.



Датум: 27.03.2017, 17:01
Статијата е прочитана 1480 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense