| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.07.2017

Симоновски: Шкендија ќе го мине Хелсинки

„Мислам дека шансите на нашиот тим се 60:40%. Хелсинки е добар тим, но Шкендија е поискусна и поквалитетна. Играат во формација 4-2-3-1, која може да се трансформира во 4-3-3. На 27 мај, со мојот Лахти, играв против нив и извлековме 0:0“, вели Симоновски кој е убеден во квалитетот на тетовскиот тим

За тоа какви се шансите на Шкендија против Хелсинки зборува и Марко Симоновски, нашиот фудбалски интернационалец, поранешен фудбалер на Металург и член на младата репрезентација на Македонија, инаку, моментално фудбалер на финскиот Лахти.
„Па, да. Добро го познавам тимот на Хелсинки. Откако сум овде, имав шанса да играм против најтрофејниот клуб во Финска и сметам дека Шкендија има добри шанси на овој двомеч“, коментира Симоновски.

Шкендија ќе помине

„Мислам дека Шкендија е поквалитетна екипа од Хелсинки. Имав можност низ сублимираните најинтересни моменти да видам како одигра нашиот европретставник со Дачија и навистина видов една моќна, силна Шкендија. Да се победат Молдавците со вкупни 7:0, навистина не е мала работа. Сметам дека ако ја повтори играта од тие два меча со Дачија, Шкендија сигурно ќе помине. Да се разбереме, Хелсинки е најголемиот и најтрофеен тим во Финска, но Шкендија има подобар состав и затоа велам дека, во најмала рака, шансите на тетовци за минување во следната рунда се 60:40% во нивна корист“.

Повеќе читајте во печатеното издание на Македонски спорт

 

 


 



Датум: 11.07.2017, 11:56
Статијата е прочитана 3329 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense