| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.09.2017

ШАЛОМ, ШАЛОМ... Пандев ве поздрави

Македонија слави во Хаифа за прв триумф над Израел. Елиф Елмас му сервираше на „Гранде“ кој во 74 минута им пресуди на домаќините. Конечно и нас ни „светна“ и тоа сега во “светата земја

Од Хаифа, Игор Д. Ивановски

Македонија со победа се враќа од Хаифа и со нови три гостински бодови во квалификациите за пласман на СП 2018. Прв триумф во петтиот меч на дуелите со Израел и тоа во миг кога нашето искуство и младост за првпат е заедно. Момент на одлука е 74 минута. Горан Пандев стрела од 10 метри со полуволеј откако претходно доби топка на тацка од „малиот дијамант“ Елиф Елмас. Гол кој долго го чекавме, момент кој го заслуживме тука во Хаифа каде Македонија одигра онака како што треба. Онака дрско, без страв и со идеа. Не дека се беше перфектно но ете и нас да ни „светне“ и тоа во „светата земја“.


Пред голот Пандев имаше уште една шанса со глава, Барди претходно беше во зоната на удар но домашниот блок спасува во последен миг. Имавме шанси но имаа и Израел. Захави беше постојана закана но Столе Димитриевски вечерва беше цар. Се разбрани и ги одбрани сите  сериозни шанси на Израел. Но ние треба да бидеме среќни. Ете ги одма Барди, Николов, Велковски со Пандев, Несторовски, Ристовски... Ете ти одма победа и тоа важна.
Во првото полувреме нашиот национален тим брзо се опорави по почетниот притисок на Израел. До 20 минута домашните речиси и не се заканија со исклучок на два-три добри пробиви по десната страна каде што на нас ни требаше време да се наместат Алиоски и Кире Ристевски. Во 20 минута Кире Ристевски даде гол но му го поништија поради офсајд. Бевме блиску до гол во 32. Минута кога Цедек го погоди сопствениот дирек. Во тој дел од играта Бен Хаим во 24 минута имаше супер шанса а Димитриевски го брани неговиот удар од 15 метри.
Македонија сега има шест бодови во групата и сите ги освои на гости. По Вадуц еве славиме и во Хаифа. На ред е Албанија и дуелот во Струмица во вторник. Одиме на трето место... Можат овие момци!



Датум: 02.09.2017, 22:36
Статијата е прочитана 1250 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense