| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.09.2017

Вардар со „тројка“ преку Силекс

*Шампионот со 3:1 ги победи кратовци во првиот меч од 4. Коло во Првата лига

Уште една добра игра и уште една победа на Вардар предводен од Чеде Јаневски. Попладнево шампионот со 3:1 ги победи Силекс во првиот меч од 4. Коло во нашата Прва лига. Вардарци поведоа со голот на Грнчаров во 19. Минута, следуваше прекрасниот гол на Барсегјан во 57. Минута за 2:0. Веќе во 66. Минута Гигоров со гол го прослави својот 200- ти настап за својот тим. Кратовци дозна се разбудија, во 74. Минута Ѓорѓевиќ намали на 3:1, додека Силекс две минути подоцна не успеа да постигне уште еден гол, Георгиев од пенал шутираше но Гачевски го одбрани неговиот шут. Оваа победа е добра најава за Вардар во пресрет на првиот меч во Лигата на Европа со Зенит на 14 септември.




Датум: 09.09.2017, 18:19
Статијата е прочитана 453 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense